Денеска во НУ „Григор Прличев“, библиотека Охрид, со почеток во 11 часот ќе биде претставена книгата со брзозборки и други јазични игри „Збороигри“ од Славе Ѓорѓо Димоски.
Книгата е наменета за најмладите кои ги посетуваат пониските одделенија во основните училишта.
За книгата ќе зборува Мите Стефоски, а содржините ќе ги интерпретираат Марина Димоска и Маја Мојсова.
-Димоски е еден од поетите во македонската поезија чија поетика во голем дел извира од таа свртеност кон самиот јазик, која се обидува да ги испита неговите моќи, да ги прошири границите на неговите можности, во случајот преку неговото поетско преобликување и употреба. Оттаму сосема природно е што тој како автор на неколку книги за деца твори во согласност со таа втемеленост во јазикот, обидувајќи се тие јазични игри во македонскиот јазик да бидат и убави и корисни (dulce et utile). Не е ниту едноставно, ниту лесно да се создадат вакви песни за деца. Од една страна за тоа е потребна врвна поетска вештина, а од друга таква досетлива умешност што на крајот ќе изгледа дека е тоа толку просто, едноставно. Грижливо и ненаметливо се изгладени овие творби и и во нив не е неважна корисна употреба во учењето на јазикот низ игра, во совладувањето на гласовите и зборовите, во откривањето на мајчиниот јазик. Затоа Збороигри 2 е ретка и исклучителна книга. – вели Стефоски.
Покрај оваа Ѓорѓо е автор уште на четири книги за деца: „Алиса“, „Кристален сон“, „Збороигри – 1“ и „Стихотека“
За книгата Мите Стефоски ќе рече:
Книгата може да се купи во книжарницата Снежана.
OhridNews