,,Главата на Франц Кафка” е трета книга од едицијата ,,Прашки ракописи” што во ,,Везилка 2011″ ја објавува македонскиот писател Ристо Лазаров. Пред тоа во истата едиција беа објавени книгите ,,Цветаева во Прага” и ,,Незгасливите чешки пламени” а Лазаров најавува уште седум книги во неговите ,,Прашки ракописи”.

,,Главата на Кафка” е кус документаристички приказ на животот и делото на Франц Кафка, за кого е речено и запишано дека ,,Франц Кафка бил Прага и Прага била Франц Кафка”. Така е и сигурно ќе остане така, додава авторот на книгата. Патеките на живототна Кафка водат директно во срцето на старата престолнина на вечната река.

Секое влакно на Кафка има пуштено корени од душата на Прага, во сите негови дела и ликовите во нив, силно одблеснуваат меѓу неговите редови.Иако Кафка го говореше спротивното: ,,Се што е напишано е измислено. Старноста не им се покорува на зборовите”. И уште нешто: ,,Најдоброто што сум го напишал има своја основа во способноста да умрам да умрам задоволен”.

Во книгата, која содржи 40 поглавја, еден дел е посветен на преписката на Кафка со М илена Јесенска, која многумина зналци ја вбројуваат меѓу најубавите љубовни преписки во дваесетиот век.

Книгата ја има во сите поголеми книжарнжици.

OhridNews