Според првичните информации на регионалните служби за безбедност авионот кој летал од парискиот аеродром „Роаси-Шарл де Гол“ кон Морони на Коморските Острови се урнал на околу пет до десет километри од брегот. Во авионот имало 142 патници, главно французи и коморци и 11 члена на екипажот.
Спасувачките екипи соопштија дека во водите на Индискиот Океан пронашле преживеан патник од Ербасот што се урна рано утрово. Во тек е потрагата по евентуално други преживеани.
Ова е втора голема авионска несреќа на авион од типот Ербас за еден месец. На 1 јуни во водите на Атлантскиот Океан се урна Ербас со 216 патници и 12 члена на екипажот. Никој не ја преживеа несреќата.