Граѓанската иницијатива за зачувување на Сараиште и Месната заедница Стар град бараат од надлежните да бидат отстранети времените објекти поставени на плажата.

Тие се задоволни од одлуката на државата да го повлече јавниот конкурс за издавање на плажата Сараиште под концесија, но очекуваат од истата да бидат отстранети сите постоечки објекти за таа да може да биде уредена во слободна зона.

За таа цел граѓанската иницијатива и месната заедница изготвиле идејно решение кое било проследено до локалната самоуправа, од каде очекуваат да бидат повикани на разговор. Деталите од предлог планот за уредување на Сараиште ќе бидат презентирани денеска на прес конференција.

Ohridnews