Поглед на најголемото и најубавото слатководно Езеро на овие простори, а уживање како на море. Охриѓани и гостите од сега можат да се релаксираат во уникатниот амбиент и уште поуникатната понуда на хотелот „Тино Св. Стефан“ која е збогатена со надворешен базен со солена вода.
Границите се затворени а пандемијата предизвикана од Ковид 19 го ограничи патувањето. Но затоа ние на посетителите им овозможуваме да го почувствуваат морскиот амбиент на едно од најубавите места во светот, каде понудата ги следи потребите на гостите. – велат од Хотел „Тино Св. Стефан“.
Оваа година поради актуелната здравствена ситуација, најголемиот број гости во Хотел „Тино Св. Стефан“ се домашни туристи.
Максимално ги адаптиравме цените на аранжманите кои се исклучително поволни, а гостите може кај нас да ги користат и ваучерите за туризам и платежните картички за таа намена – информираат од Хотел „Тино Св. Стефан“.
Хотелот располага со стандардни и фамилијарни соби, а освен надворешниот базен со солена вода, на гостите на располагање им стои и внатрешен базен, спа центар со џакузи, сауна, парна бања, сала за пинг понг, билијард, детско игралиште, сала за проекција на филмови, како и сала за конференции и семинари.
Секако користењето на услугите е во согласност со пропишаните протоколи за безбедност и спречување на ширењето на корона вирусот, како во хотелскиот дел, така и во ресторанот и базените. – истакнуват од Хотел „Тино Св. Стефан“ каде одморот сега има и морски шмек.
OhridNews