Креативните ученици од ОУ „Кочо Рацин“ хуманитарните активности деновиве ги продолжија со неколку куклени претстави.


Четвртоодделенците од ова училиште пред своите родители и наставници ги изведоа куклените претстви: „Мечето медарче“, “Докторот клукајдрвец“ и „Каде е сонцето“. Учениците во импровизирани услови сами го изработиле параванот за куклените претстави од стари клупи, како и останатите реквизити.


Од училиштето не го кријат задоволството од крестивниот потенцијал на децата и најавуваат подршка на ваквите иницијативи на учениците.Собраните средствата од активностите на учениците од ОУ „Кочо Рацин“ се наменети за подршка на хуманитарни проекти.

ohridnews.com