Навивачката група „Рибари“ имаше нова успешна хуминатарна мисија. Симболот на градот во екот на новогодишната еуфорија донираше храна за социјално загрозено семејство.

  • Деновиве кои сите сакаме да ги поминиме во топлина, со насмевка и полна трпеза, за жал некои семејства не можат да си го дозволат тоа. Па така ние решивме ден пред Нова година да помогнеме на едно семејство ! – стои во соопштението од „Рибарите“.

„Рибарите“ на 28 овој месец пријатно ги изненадија децата во Здружението за глуви и наглуви лица од Охрид давајќи му пакетчиња. Охридските симпатизери изминатиот период спроведоа хуманитарна акција, а со собраните средства обезбедени беа новогодишни пакетчиња кои им беа подарени на најмладите членови на Здружението за глуви и наглуви. На овој начин охридските навивачи уште еднаш ја покажаа хуманата страна од нивната приказна, како и многу пати оваа година, во која реализираа бројни акции за наши сограѓани на кои им е потребна помош.

На гала вечерта во Куба либре на која беа промовирана Годшната ревија на настани и успешните приказни во градот во годината што изминува, навивачката група „Рибари“ и РК „Охрид“ го добија признанието за спортска приказна на годината.

OhridNews