Нова група деца утрово на спортски камп на брегот на Охридското Езеро. Преку оваа мерка на Општина Кисела Вода бесплатно летување е овозможено на вкупно 165 дечиња.

Како што информира денеска Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им посака среќен пат на спортистите од младинските категории од спортските клубови од Oпштината и на основците од социјален ризик кои наредните седум дена бесплатно ќе летуваат и ќе се дружат.

Денескa испративме уште една група на млади спортисти и ученици од социјален ризик на спортски камп на брегот на Охридското Езеро. Овој бесплатен седумдневен камп е многу повеќе од обично летување. Tој претставува одлична можност децата да се социјализираат, да создадат нови пријателства и да ги развиваат своите спортски таленти, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, преку вакви активности децата не само што ќе ги усовршат своите спортски вештини, туку ќе научат и важни животни лекции за тимска работа, дисциплина и посветеност.

Наша обврска е да продолжиме да ги поддржуваме и мотивираме младите спортисти, а оваа иницијатива е само дел од нашата континуирана стратегија за промоција на спортски активности и здрав начин на живот меѓу младите. На ова гледам и како на начин да се спречи маргинализацијата на децата од социјално-загрозените семејства. Сите деца, без разлика на нивната социјална позадина заслужуваат еднаква шанса за успех и развој, нагласи Ѓорѓиевски.

OhridNews