Пионерската екипа на РК „Моби Дик“ уште еднаш успеа да освои три бода во гости, овој пат на тешкото гостување во Куманово победувајќи со резултат 17-16 (9-7).
Со оваа победа, охриѓанки успеаја да врзат три победи со ред и значително да ги зголемат шансите за пласман во завршниот фајнл фор турнир.
Во тимот на охриѓани Маркоска постигна шест погодоци, Блажеска пет, Јолеска три пати беше прецизна, Алексиоска два додека Ложанкоска еднаш го погоди противничкиот гол.
Следниот викенд, „китовите“ на домашен терен го пречекуваат апсолутниот фаворит во лигата, екипата на „Металург“ од Скопје.
Ohridnews