Жителите на Република Јакутија на североистокот на Сибир, Нова година ќе ја дочекаат на температура од минус 55 Целзиусови степени, соопшти локалната Метеоролошка служба.

Временските услови во оваа држава во моментов се под влијание на силен антициклон кој придонесува за абнормално ниски температури.

Паѓањето на температурите се очекува во текот на ноќта и истовремено појава на густа магла.

Рекордно ниска температура од минус 67,8 степени била регистрирана на 15-ти јануари 1985 година.

OhridNews