По македонската фудбалска династија Ѓуровски (Милко, Бошко, Марио), на повидок е нова таква откако помалиот син на поранешниот репрезентативец, сега селектор на селекцијата под 21 година Бобан Бабунски, Доријан дебитираше за македонската репрезентација до 17 години на двомечот со Албанија.
– Тука е на барање на стручниот штаб кои преку овај тест ќе провери дали може да очекуваат нешто од него во овај период. Мислам дека за деби покажа доста интересени работи, а овај повик во националниот тим за него ќе биде голем потстрег – рече Бабунски по завршувањето на мечот Македонија – Албанија кој заврши беза голови 0-0.
Бабуснски кој во својата фудбалска кариера одиграл два натпревари за репрезентацијата на Југославија, а во периодот од 1993 до 2000 година за македонскиот тим одигра 23 меча постигнувајќи еден гол, смета деке голема е честа но уште поголема и е одговорноста да ја оправдаат довербата и да го оправдаат моделот што значи репрезентативец.
– Најважно за нив во сега е да продолжат фудбалски да се надградуваат, а мислам дека се на добар пат да се оформат во добри репрезентативни играчи и се надевам дека успешно ќе го носи македонскиот дрес.
Помалиот син на Бабунски, Доријан кој има само 14 години игра во екипата на Корвеља, која е дел од школата на Барселона.
– Одлично се чуствувам и задоволен сум од моето деби, за мене е огромна чест што го носам македонскиот дрес и се надевам дека еден ден ќе успеам да надминам мојот татко – рече четиринаесет годишниот Доријан Бабунски
Покрај Доријан, за македонската репрезентација до 17 години еден настап има и постариот брат Давид кој е дел од школата на шпанскиот гигнат Барселона.
По Ѓуровски и Бабунски, исто така и фамилијата Најдоски е дел од ова традција. Синот на прославениот Илија Најдоски , Дино беше стандарден во селекцијата до 19 години.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com