Екипи на ЈП „Нискоградба” изведуваат нова фекална канализација на крак од улицата „Ариф Мустафа” во должина од 110 метри, информираат од Општина Охрид.

Со овој зафат се решава долгогодишен проблем кој го имаа жители од оваа улица, додаваат.

Вредноста на проектот изнесува околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews