Нова измама им се заканува на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, а само во последните 24 часа, „заразени“ се околу 600 илјади профили, пишува „Dnevnik.hr“, пренесува „Макфакс“.

Доколку на Фејсбук ви се отвори чет прозорчето во кое пријателот ви пишува дека ја обработил вашата слика во Фотошоп, не го следете линкот.

Имено, доколку кликнете на дадениот линк, ќе ви се отвори апликација која ќе ви побара име, презиме, фотографија и податоци за другите Фејсбук пријатели.

По оставањето на информациите, автоматски се отвора сајт на кој се фотографии од луѓе со тела на животни, а додека ги гледате фотографиите, веќе инсталираната апликација шири спамови на профилите на сите ваши пријатели.

Вчера за само еден час 88.000 луѓе незнаејќи ја инсталирале апликацијата.

OhridNews
извор: „Макфакс“