Деновиве во полн ек се градежните работи за освежување на надворешноста на ОУ „Братство и Единство“ во населбата Лескајца. Училиштето ќе се пребојадиса и со нова фасада ќе го дочека почетокот на новата школска година.


ОУ „Братство и Единство“ ќе блесне во нов сјај

Летово во фаза на реновирање се и повеќе други училишта во градот. Како што не информираа од локалната самоуправа, поголеми зафати се предвидени во основните училишта „Григор Прличев“ и „Наум Охридски“ во Пештани каде ќе биде вградено ново парно. Во ОУ „Христо Узунов“ ќе се санира дворот, а во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти и во Гимназијата ќе биде променета дограмата.

Г.М./М.П.