Фудбалската школа Еврофудбал подготвена е за новите предизвици во новата сезона, откако добија нова спортска опрема. Во ново руво членовите на најстарата фудбалска школа во Охрид ги облече „Екошпар“.
Маички за тренинг и еден пар дресови за натпревари добија генерациите од 2005 до 2011 година, додека екипата 2007 година доби два комплети.
– Сакаме да му се заблагодариме на Екошпар за нивната помош и соработка. Нема поголем мотив за нас како тренери да ги гледаме дечињата среќни и желни за тренирање и играње. – изјавија тренерите од фудбалската школа.
Новата сезона за членовите на Еврофудбал ќе започне со мечевите од Детската фудбалска лига во која членуваат уште екипи од Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
OhridNews