Хуманитарната организација од Австралија „Boots for Balkans“ ја продолжи соработката со Основното училиште „Св. Климент Охридски“ откако донираше нови топки за фудбал.


– При првата наша посета во јануари кога дониравме патики за фудбал забележавме дека училиштето нема доволни ресурси, односно топки за фудбал. Со сите овие донации ние сакаме да им помогнеме на дечињата да уживаат во играта која ја сакаат. Исто така нас ни преставува големо задоволство што нашата организација е прифатена во нашиот град и земјата што ни дава дополнителен мотив за понатамошна работа. – изјавија од хуманитарната организација.


Организацијата „Boots for Balkans“ која е со хуманитарен карактер формирана е од охриѓани кои живеат и работат во Австралија. „Boots for Balkans“ ја прошири со соработката со фудбалските школи од Битола, а оствари средба со луѓе од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

OhridNews