Кошаркарите на Охрид на домашно тло против Вардар во шесттата рунда ќе брка нова победа во Втората кошаркарска лига.
„Галебите“ со „шест од шест“ победи се наоѓаат на првата позиција, а нивниот ривал Вардар е второпласиран со четири победи и еден пораз.
Дербито во Втората кошаркарска лига ќе се одигра в недела во 18 часот, а вратите од „Билјанини Извори“ ќе бидат широко отворени.
Двојки (6. коло) : Ангели – Шкупи, Радовиш – ФМП Академија, Пелистер – Тетекс, Гостивар – Водњански Лисици, Охрид – Вардар.
Табела : Охрид 10 бодови, Вардар 9, Пелистер 9, Гостивар 8, Водњански Л. 8, Тетекс 7, ФМП Академија 7, Шкупи 6, Ангели 6, Радовиш 5.
Мх.П.