Во ОМУ „Методи Патчев“, денес, старата и дотраена дограма се заменува со нова и енергетски ефикасна. Нови прозорци ќе бидат поставени во сите простории од училиштето, информира локалната самоуправа.

Претходно во училиштето беше реконструирана старата ограда и се изврши доградување на дворот.

Изминатиот период интензивно се осовременуваат и подобруваат условите во училиштата во општината, пред почетокот на наставата во учебната 2020/21 година, која поради пандемијата со Ковид 19, ќе се одвива во вонредни услови.

OhridNews