Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цените на бензините се намалуваат од половина до еден денар.

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

OhridNews