Семејството и Икер Касилјас се наоѓаат пред нова борба, откако сопругата на легендарниот голман Сара Карбоноре објави информација дека боледува од рак на јајниците. Икер Касилјас пред три недели успешно го преброди срцевиот напад, но на искушенијата им нема крај.

  • Се уште не сме опоравени од шокот со Икер, животот ни приреди нов. Овој пат јас сум во главна улога. Боледувам до рак на јајниците и пред мене престои битка која сум уверена дека ќе ја добијам. Сакам сите да ги охрабрам и да им кажам дека сум смирена и добра и почнав со терапии. Патот е тежок, но ќе има среќна завршница. – изјави Карбонеро.

35-годишната Карбонеро која е ТВ презентерка побара интимност и почитување од колегите, бидејќи и треба мир и сила да ја победи битката со болеста. Карбонеро и Касилјас вистински хит станаа, откако голманот на шпанската репрезентација во јавување во живо ја бакна презентерката после освојувањето на златниот медал на Мундијалот во Јужна Африка.

Поради проблемите со срцето на Касилјас му се заканува предвремен на кариерата, иако, тоа се уште не е потврдено од докторите кои го оперираа.

OhridNews