Лидерот на СДСМ Зоран Заев денес објави уште една таканаречена бомба во која објави аудио снимки, на кои , се слуша телефонски разговор на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков со непознат соговорник, а во позадина се слуша музика и славење додека се е проследено со истрели од огнено оружје. Добро слушнавте, рече Заев, ова не е на дивиот запад, ова е во Република Македонија. Човекот кој зборува не е каубој од филмовите, тоа е братучедот на Никола Груевски, 9 години директор на УБК. Калашниковите и истрелите се и од оружје на државните безбедносни сили на Македонија, злоупотребени во рацете на паравоените структури што вежбаат, се обучуваат и „хараат“ низ земјата под команда на Сашо Мијалков за целите на Никола Груевски, рече Заев.
Тој додаде дека на денешната прес конференција може да слушне колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија. Дека си имаме работа со непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, изјави Заев при објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.
Ohridnews
извор РСЕ