На градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, на прес конференција Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп објави снимки од разговори меѓу Јанкуловска, Ставрески и Јанакиевски со гладоначалникот на Прилеп, јавува телевизија „Телма“.
Јанкуловска го нарекува Марјан Ристески тежок морон, на што Ставрески и вели дека тој е нестабилен тип за кого нема да мрдне на идните избори.
Барање за список на фирми од Прилеп, распишување на конкурс за нови вработувања на луѓе од ВМРО – ДПМНЕ упатува на снимките министерот Миле Јанакиевски до градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристевски.
Во друга снимка Ставрески му вели на Ристески дека мора да покажат сила и дека мора добро да размилси за нови луѓе во подрачните единици на инстекторатите. Како што вели Ставрески потребни се 90% нови луѓе.
На крајот на прес- конференцијата под отоврено небо Сашо Велески ги повика на марш со кој граѓаните не му кажат „не“ на режимот на Груевски.
Истовремено во Тетово во спортската сала на медицинското училиште „Никола Штејн” во Тетово, започна голем народен собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
На собирот ќе се обратат повеќе личности меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.
„Марионети во туѓи раце, а покажувате гнев и омраза“, рече Груевски обраќајќи и се на опозицијата. „Се жалите дека во Македонија нема медиумска слобода, а вие не сте симнати од екраните“, рече тој.
Груевски вети нови вработувања за тетовци, како и отворање на нови индустриски капацитети.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ одржа народни собири во Скопје, Битола и Штип.
OhridNews
извор:Тв „Телма“