Една од најубавите тенисерки Еугени Бушард ќе се впушти во нова авантура-состанок на слепо. Со ваквата авантура тенисерската од Канада започна пред три години, кога изгуби опклада за победникот во финалето од Супер Боул.
Состанокот на слепо Бушард го договори преку Инстаграм. Таа во интервју за УС спорт изјави дека е осамена и многу тешко го поднесува задолжителниот карантин поради коронавирусот. Во текот на интервјуто се уклучи комичарот Боб Менери кој прво и понуд 500 долари за состанок. Бушард одби и после рече дека посакува 3 000 долари. Менери прифати и заедно ќе одат на вечера. Двајцата не се познаваат од претходно.
Канаѓанката подоцна рече дека парите ќе ги донира во една од болниците во Канада. Инаку, Бушард редовно учествува во хуманитарните акции кои ги организираат тенисерите во светот.
26-годишната Бушард не е премногу фокусирана на тенисот. Таа моментално се наоѓа на 332-та позиција на ВТА листата, а само пред шест години беше на 5-та позиција и со светла тениска иднина пред себе.
OhridNews