Угостителската понуда на градот Охрид од денес е збогатена со еден оригинален простор посветен на свежо печеното кафе.
Имено, по повод одбележување на 20 години од постоењето на Su Holding во туристичко – угостителскиот сектор, денес во самото срце на Стариот град беше отворен новиот објект Roastery Artisan Coffee House – Куќата на кафето. Лоциран веднаш до кафе бар Liquid Old Town, овој објект во себе носи традиција која постои уште од 1930 година.
Новиот уникатен концепт – Куќата на кафето (Roastery Artisan Coffee House) е единствениот концепт во Македонија каде што имаме зелено кафе кое се пече во моментот, се меле и се дава на конзументите. Со тоа имаме охридски бренд односно светски бренд, бидејќи овој концепт се развива и на светско ниво. Истиот е актуелен и веќе има примена во Лондон, Њујорк, Тел Авив, Атина, каде што учевме и ние за процесот на печење на оригиналното кафе, за да можеме да одговориме на потребите. – истакна еден од сопствениците на SU Holding.
Креативниот концепт на Roastery Artisan Coffee House, во иднина ќе опфаќа и кафе тури наменети за посетителите, со акцент на турското кафе, каде што секој ќе може да погледне како се пече кафето, како се пакува и притоа да ужива во вкусот на свежо печено турско кафе.
Фото галерија:
Натали Боздоганова
Фото: Анамарија Момироска