Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид сабота, 30.05.2009 год. ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбата “Стар Град” и улиците “Богомилска”, “7-ми Ноември”,”Егејска”,”15-ти Корпус” и “Железничка”.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад, истиот да го извадат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Ohridnews