Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ ја спроведе 28-та акција за чистење под мотото „Да го исчистиме нашето соседство“. Се чистеше отпадот кај зградите наспроти Противпожарната станица, локација која беше одбрана по претходно посочување од страна на граѓани на социјалните мрежи.

Со оваа акција беше опфатена околината на зградите наспроти Противпожарната станица, на истата се приклучија 15 ентузијасти и беа собрани 15-на вреќи отпад.

  • Интересно е да се напомене дека на локацијата беа забележани премногу отпадоци од еден ист производ, што не води до тоа да размислиме дека едно исто домаќинство го создава тој отпад, со што се јавува потреба од активирање на локалните комунални редари, велат од организацијата.

Чист Охрид и во наредниот период ќе продолжи со акциите за чистење како и со мини-серијалот наречен „Да го исчистиме нашето соседство“ коj би се одржувал во близина на згради и живеалишта.

OhridNews