Нов земјотрес со јачина од шест степени според рихтеровата скала, го погоди Еквадор денес наутро, пет дена по разорниот земјотрес во кој, загинаа најмалку 587 луѓе, а 5.733 се повредени. Засега нема извештаи дали во најновиот потрес има повредени и колкава е штетата.
Предупредување за цунами не е издадено, пренесуваат агенциите. Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, на Твитер објави дека се регистрирани три последователни потреси и им порача на граѓаните да соберат сила.
Во разорниот земјотрес повеќе од 23.500 луѓе останаа без своите домови.
OhridNews
извор Макфакс