По вчерашниот земјотрес со јачина од 4, 2 степени, утрово, во западна Македонија е почуствуван уште еден  земјотрес со јачина од 3,4 степени.

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 1 часот и 32 минути, во тетовското епицентрално подрачје.

Земјотресот е почувствуван во тетовскиот регион со интензитет од 3- 4  според Европската макросеизмолопшка скала, а во другите места од западниот дел од државата со послаб интензитет.

Ohridnews
извор: Makfaks