Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски денеска на прес конференција ќе го претстави новиот закон за рибарство и аквакултура, како и новиот закон за лов.
Со Законот за рибарство и аквакултура ќе се уредува начинот на стопанисување, искористување и заштита на рибниот фонд на приросните езера и другите водни површини во земјата.
Овој закон е од исклучителна важност бидејќи според него ќе биде донесена одлуката за идниот концесионер на Охридското Езеро. Во моментов тоа нема стопан, ниту постојана физичка заштита, што придонесува за неконтролиран излов на загрозените видови риба.
г.м.