Имено, штом корисникот ќе се логира, му се појавува прозорче за чет и прашањето ’wanna laugh’, со линк преку кој се симнува флеш програмата за да се погледне посоченото видео.
Доколку сте го следеле линкот, обидете се да ја промените лозинката или отворете ја опцијата ’Помош’. Во ситуацијата помага и добар антивирус.
На Фејсбук постојано циркулираат слични спамови кои ги мамат љубопитните корисници. Пред извесно време кружеше веста за смртта на глумецот Чарли Шин, а најважно е сите сомнителни пораки да не се отвараат, туку веднаш да се бришат.
извор:„Макфакс“