Недела дена после ракометното дерби меѓу Охрид и Пелистер кое означи почеток на пролетните мечеви во Супер лигата, охриѓани и љубителите на ракометот и спортот воопшто ќе имаат можност да гледаат ново дерби овој пат меѓу Охрид и Струга во помладите категории.
Пионерската екипа на Охрид на домашен терен в недела со почеток во 17 часот го пречекува тимот на Јуниор Ивни од Струга со кој ја дели првата позиција на табелата.
Императивот во двете екипи е многу голем исто така и влогот, бидејќи победникот од овој дерби натпревар сезоната ќе ја заврши на првата позиција на табелата.
Првиот меч меѓу двете екипи заврши без победник 22-22 што гарантира квалитетен и неизвесен натпревар кој ќе се одигра в недела во 17 часот.
OhridNews