На задоволство на вљубениците во одличната музика, познатиот џез, соул и фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар деновиве промовира ново музичко видео насловено „Јагула“, што е дел од најновиот студиски албум  „Going Home“.

Инспирација за овој сингл на Четкар е патешествието на јагулата која од Охридското езеро заедно со останатите од сите езера и реки тргнува кон Саргарско море, меѓу Бермуските острови и Порторико, каде што се мрести и чие патување трае една година.

Концертната промоција на новиот албум „Going Home“ на Четкар се одржа во март во Њујорк.

OhridNews