Школата за ракомет „Сани 14“ со пет победи во шест натпревари ги заокружи мечевите од третата рунда во мини-лигата на Ракометниот клуб Металург.
Охридската ракометна школа најдобар резултат забележа во генерацијата 2008 и помали остварувајќи две победи. Во првиот меч најмладата генерација славеше со Кадети Металург 28-6, додека во вториот натпревар над Металург Јуниор 18-5. Дечињата родени 2006/07 победи на два мечеви, додека на еден претрпе пораз, а одличниот викенд го комплетираше женската екипа која славеше со 24-2 над Хандбал Старс.
Во мини лигата на Металург настапија вкупно 34 екипи од Скопје, Охрид, Кичево и Прилеп, а се натпреваруваа во три возрасни категории.
Резултати по генерации:
2006/07: Ре Медика – Сани 14 Машки 20:30 (7:17), Сани 14 – ЖРК Металург Женски 7:12 (3:4), Сани 14 – РК Институт Машки 28:6 (15:3)
2008 и помали: Сани 14 – Кадети Металург Машки 28:6 (9:2), Металург Јуниор – Сани 14 Машки 2008 и помали 5:18 (2:9)
Женски 2004/05: Хандбал Старс – Сани 14 2:24 (1:12)
OhridNews