Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ забележаа нов успех освојувајќи четири одличја на меѓународниот турнир „Гази Баба Опен“ во Скопје.
Климент Јанески се закити со златен медал, а одличје со златен сјај освои и Мате Грозданоска, Тамара Ѓурчиноска донесе бронза, додека Јован Наумоски клубот го збогати со сребрен медал.
– Овој пат бевме со намален ростер и не настапивме комплетни на турнирот. Следниот кога ќе се натпреваруваме ќе отпатуваме сите и ќе атакуваме на повеќе одличја и резултати. – рече тренерот Игор Смилески.
OhridNews