Веслачите од охридски  “ЈУГ” на Меѓународната веслачка регата “Тракија” што се одржа во Пловдив во соседна Бугарија постигнаа одлични резултати.

Во дисциплината „скиф“-сениори, Александар Ивановски го освои второто место. До сребро извесла и двоецот Петар Рупески и Јован Делов во „дублскул“.

Во дисциплината „скиф“-  пионери Никола Сионов го освои  третото место, а во натпреварите на ергометар, Петар Рупески го освои второто место во јуниорска конкуренција, додека Никола Сионов во истата конкуренција беше трет.

ohridnews