По сребрениот медал на 43-то издание на „Златниот Гонг“ охридскиот боксер Бојан Ристески освои уште еден сребрен овој пат од меѓународниот турнир во Косово.
Охриѓанецот тесен пораз на поени во финалето претрпе од албанскиот интернационалец Асмир Билјали, кој подоцна беше прогласен најдобар боксер на турнирот.
На него учествуваа осум држави од Балканот и пошироко, а охридскиот бокс го преставуваше само Ристески откако Лескароски поради повреда не беше во можност да ги облече ракавиците.
Мх.П.