Охридската тенисерка Ана Стојановска добрата форма и квалитетот ги потврди на Меѓународниот турнир „Скопје Опен 2020“ со победата во двојки заедно со Нина Маринковиќ и пласманот во топ 4, во поединечна конкуренција.

Ана Стојановска и Нина Маринковиќ со пехарите за победата во двојки

На турнирот „Скопје Опен 2020“ во организација на Тенисерскиот клуб Југ учествуваа вкупно 35 тенисери, најмногу од Македонија, но имаше и од Србија, Албанија, Бугарија, Германија, Грција Романија, Германија и Англија. Ваквите турнири со меѓународен карактер се одлична можност за охридските и македонските тенисери да ги одмерат силите со врсници од другите земји.

Стојановска/Маринковиќ во финалето славеа против парот Рали/Смириду од Грција, кој пак, спречи македонско финале елиминирајќи ги Мина Петреска/Матеа Билбилоска во полуфиналето.

Стојановска во поединечна конкуренција во полуфиналето изгуби од албанската тенисерка Греси Бајри. Албанката подоцна го освои турнирот победувајќи во финалето. Петреска помина една рунда, додека Билбилоска пораз претрпе на стартот од клупската колешка Стојановска

Кај момчињата Павел Стевковски помина една рунда во „сингл“, додека во двојки со Максимилијан Алексовски изгубија во првата рунда од Јанев/Лијапшин.

Павел Стевковски и Максимилијан Алексовски во акција во двојки

 

OhridNews