Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ продолжија со успешни настапи освојувајќи осум одличја на Меѓународниот гран при карате турнир кој се одржа изминатиов викенд во Ниш, Република Србија.

Половина од медалите односно четири се златни, додека останатите се два сребрени и два бронзени. Со златни одличја се закитија Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Матеа Грозданоска и Климент Јанески во категоријата кати поединечно.

Тамара Ѓурчиноска во категоријата борби до 2006 година (45+) се искачи на второто место на пиедесталот, додека во кати го освои бронзениот медал. Вториот сребен медал за охридскиот клуб го донесе Петар Трајчески во категоријата борби јуниори, а Козма Митревски се закити со бронза во категоријата кати поединечно.

OhridNews