Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со активности за поплочување на тротоар на улицата „Никола Карев“ кај Музичкото училиште.

Освен на поплочувањето на тротоарот се работи и на пуштање на нова линија за одведување на отпадни и атмосферски води на оваа пешачка патека.

Екипите од јавното претпријатие кои се задолжени за одржување на канализација и канализациони системи, во текот на денешниот ден вршеа чистење и профилактика на цевките за одведување на отпадни води на улицата „Богомилска“.

OhridNews