Охридскиот тениски клуб со трофеј од Мастерс турнирот во женска конкуренција стави точка на натпреварувачката 2020 година.

На пиедесталот на турнирот за тенисерки до 14 години се искачи Ана Стојановска. Стојановска во финалето  во два сетови (6-4 и 6-2) славеше против Катја Ивановска. Претходно ги совлада Ана Митевска односно Зара Зафировска. Матеа Бимбилоска финишираше на шестата позиција, додека Мина Петреска заврши на седмата позиција.

Во машка конкуренција Павел Стевковски беше единствен охридски претставник. Стевковски со една победа и два порази заврши на шестата позиција.

За охридските тенисери нема да има пауза бидејќи веднаш стартуваат со зимските подготовки кои ќе треба да послужат за добри резултати следната сезона.

OhridNews