Фудбалерите на Борусија Дортмунд запишаа нови три бодови на табелата во Бундес лигата совладувајќи го Хановер со 5-1 пред своите гледачи во рамките од 19-та рунда во германскиот шампионат.

„Милионерите“ до вториот триумф во втората полусезона стигнаа на доминантен начин. Домашните фудбалери од 24-та до 67-та минута постигнаа четири погодоци во мрежата на гостите и го решија победникот. Гол серијата ја најави Ашраф Хакими, продолжија Марко Ројс и Марио Геце, а финишираше Рафаел Гереро. Хановер постигна почесен погодок кој беше дело на Марвин Бакалароз, а точка на натпреварот стави Аксел Витсел со гол во судиското продолжение.

Резултати: Мајнц – Нирнбер 2-1, Борусија Дортмунд – Хановер 4-1, Борусија Менхенгладбах – Аугзбург 2-0, Фрајбург – Хофенхајм 2-4, Волфсбург – Баер Леверкузен 0-3, Вердер Бремен – Ајнтрахт Франкфурт (18:30ч).

Табела: Борусија Дортмунд 48, Баерн Минхен 39 (-1), Борусија Менхенгладбах 39, Лајпциг 31…

OhridNews