Нов триумф на кошаркарите на АМАК СП. Популарно наречените Охриѓани ја продолжуваат победничката серија, а во третото коло земен „скалпот“ на Кожув во Гевгелија  со 94-76, како по некое правило најефикасен Богавац со 35 поени. На останатите натпревари во првата Б лига, во прво лигашкото дерби Соколи поуспешни од Маврово 88-78, Леов Ангели Краснаја 73-64 и Торус – Тетекс 99-89. Во наредното 4 коло кое се игра во утре (среда) АМАК СП игра против последнопласраниот Тетекс .

Во кошаркарската Супер лига, дербито во Градскиот парк му припaдна на Работички – МЗТ  77 – 66,Струмица на домашен терен беше изненадена од Вадар О. со  57-69, со што го доживеа вториот пораз сезонава,а Пелистер лесно го совлада Фени Индустри со 94-74.
Од кошарката уште и веста околу организацијата на завршницата куп на Македонија која за сума од 11.500 евра ја доби Продуцентската куќа „Хаус 57“.
„Хаус 57“ беше организатор на прославата по повод 60 години кошарка во Македонија. Организаторите најавија дека најдоцна за две недели официјално ќе објават каде ќе се игра фајналејтот за мажи и фајналфорот за жени.
Ждрепката треба да се влече најмалку 14 дена пред почетокот на настанот, 12-15 април.

Кошаркарките на Билјана 006 ги прокнижија првите два бода во новото првенство. Бодовите против Куманово ќе ги добијат со службен резултат, бидејќи гостинките не допатуваа во Охрид. На терените каде се играше кошарка лидерот Вигор поуспешен од Изградба со 64-50,а акутуелниот шампион Кимико претрпе уште еден убедлив пораз 92-54 овој пат од Водњнаски Лициси .Во наредното 3 коло кошаркарките на Билјана 006 гостуваат во Скопје на Водњански Лисици.

Се` подалеку од опстанок во второлигашкото друштво се фудбалерите на Илинден кои во Прилеп беа поразени од директниот конкурент Вардар Декамел со 1-2. Деветтиот пораз во 20 кола ги остава заковани на дното на второлигашката табела. Караорман беше убедливо поразен од Цементариница со 3-0. Лидерот Милано со петарда ја испрати Беласица 5 -1, Турново и Маџари минимално ги совладаа Слога, односно Тетекс, а единствениот натпревар без голови го одиграа Скопје и Металруг.
21то  коло на програмата е во вторник, а се среќаваат Металург – Илинден ,Караорман – Скопје ,Маџари – Милано ,Тетекс – Цементарница ,Вардар Д. –Турново  и Слога – Беласица .

Дербито во првата мак фудбалска Лига му припдна на Работнички кој со 2-0 го совлада Вардар, најголемото изненадување на колото го приреди тимот на Драган Бочески, Напредок кој минимално со 1-0 ја совлада Македонија Ѓ.П . ,Минималец за Победа во дуелот со Ренова,како и за Пелистер на гостувањето против Шкендија .Како гости победи извојуваа Силекс над Брегалница со 2-0 и Башкими над Влазрими со 3-2 .
 
Продолжува „распродажбата“ на бодови во Билјанини Извори. Ракометарите на „Климент Охридски“ чија цел е оваа година само да го доиграат првенството без желба да направат нешто повеќе во Суперлигата, го доживеаа и третиот пораз по ред.
По Младост и ракометарите на Преспа лесно стигна до нови два бода на гостувањето во Охрид. Охриѓани додека имаа свежина и сила парираа на гостите, па на полувреме заминаа со пристојни минус 3. Во вториот дел до израз дојде неподготвеноста на домаќините кои не можеа да го издржат темпото, ресенчани го скршија отпорот и ја зголемуваа својата предност која на крајот изнесуваше +12, 39:27. Наредната прошетка на ракометарите е во сабота во Скопје против актуелниот шампион Металург .

Гостите доминираа и на останатие натпревари. Пелистер беше поуспешен од Тиквеш 27- 37,  Вардар во натпревар кој некогаш беше дерби го совлада Младост  29-37,а ТК Бренд кој како домаќин играше во Скопје поразен од Металург 23-47.

М. Постолоски