Прамените се инстант освежување на секоја фризура, па предлог е да ги испробате што побрзо. Ако во зима за совршена фризура е потребно да се вложи малку повеќе труд, инстант решението се крие во бојата на косата, поточно во само неколку прамени кои можат за миг да го освежат вашиот изглед и лице.

За време на зимските месеци косата е сува, а бројните модни додатоци кои не штитат од зимата, како капи, шешири и шалови, не и ласкаат на нашата фризура. Но, благодарение на зимските прамени косата секогаш може да изгледа блескаво и тоа во само неколку потези.

Прамените, oсвен што ќе ја освежат вашата природна боја на косата, нивната улога е да и дадат визуелен волумен и свежина.

Што се зимски прамени?
За разлика од прошараните, таканаречени осветлени прамени распоредени по целата коса и кои се идеални за летните месеци, зимската варијанта на бојадисување на косата е многу поедноставна.
Зимските прамени се само малку посветли од остатокот на косата, а се наоѓаат на “првите“ прамени од косата кои се наоѓаат веднаш на лицето и се распоредени по полудолги долги шишки. Овој детал се прави на многу едноставен начин, а не бара бојадисување на целата коса.

 

извор:zenskikutak.rs