По се изгледа дека големите светски дизајнери сепак дозволиле “уличната мода“ да влијае врз нивната креативност. Се почесто можеме да ги видиме ѕвездите, но и непознати девојки со вечерен фустан да комбинираат спортски патики, а истиот тренд се вовлекол и на ревиите на високата мода. Чист пример на наведеното се неодамнешните ревии на Диор и Шанел.

‘Street style’ на голема врата е влезен во признатиот свет на модата. Оваа сезона највпечатлив детаљ на париските ревии се патиките кои се комбинираат дури и со вечерни фустани.

На ревијата од Кристијан Диор, моделите носеле воглавно црни модели со цветчиња и ѕвездички, додека девојките од Шанел облекле патики украсени со чипка и бисерчиња. Главниот шанелов креативец Карл Лагерфелд, овој необичен тренд го применил и на Кари Делевиње, која ја затворила ревијата во венчаница и патики.

 

извор:srednja.hr