Во драматичен натпревар Амак СП го доживеа третиот пораз во новиот шампионат. “Езерџиите“ во три дена повторно губат тесно овај пат од МЗТ Скопје со 77-75 (25-23, 21-21, 21-12, 11-19).
Мухамед Тачи со 18 поени го предводеше тимот на “металците“ а помошта стигна од поранешниот играч на Амак СП, Совкоски со 13 поени. Дабл дабл учинок во поразениот тим имаше Тмушиќ кој уфрли 20 поени, а имаше и 16 скока.
Во наредното коло Амак во реприза на куп финалето игра против Пелистер.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com