Натпреварите од 17.та рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад место во недела поради големиот празник „Велигден“ ќе одиграат во сабота со почеток во 16 часот.

Екипите на Воска и Охрид на домашен терен ќе ги пречекаат Фљамуртари, односно Октиси, додека Сатеска гостува кај Кравари.

Најинтересен натпревар ќе биде дуелот помеѓу лидерот Кораб и Преспа кој го добива епитот дерби на колото.

Двојки: Воска – Фљамуртари, Охрид – Октиси, Преспа – Кораб, Влазними – Лирија, Кравари – Сатеска.

Табела: Кораб 39, Фљамуртари 32, Преспа 31, Кравари 29, Караорман 28, Сатеска 25, Влазними 19, Охрид 19, Велешта 19, Лирија 16, Воска 14, Октиси 12, Баир Кркардаш, Могила.

OhridNews