Владата на Р. Македонија распиша нов, трет тендер за продажба на АД ЕМО Охрид, откако претходните два пропаднаа.
Владиниот портпарол Ивица Боцески соопшти дека Владата на последната седница ја разгледала информацијата на владината комисија за продажба и усвоила заклучок во рок од три дена да биде распишан нов тендер за продажба на ЕМО и Охрис.
Боцески соопшти дека ЕМО сега ќе се нуди на продажба со попуст од 20%, додека другите услови од тендерот остануваат исти, односно новите газди ќе треба да се обврзат дека ЕМО ќе продолжи да ја обавува истата дејност, а работниците ќе ги задржат своите работни места.
Инаку на првиот тендер пристигна само една понуда од бугарската компанија „Енергомонт“, додека на вториот тендер за ЕМО не пристигна ниту една понуда.
ohridnews