Во клубот Џез ин вечерва заеднички настап ќе имаат стендап комичарите: Никола Тодороски, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски и Јордан Коцески. Тие ќе се претстават со нов, свеж материјал, кој премиерно ќе биде изведен пред охридската публика.

Настанот започнува во 21 часот, а билети за истиот можат да се набават во специјализираната продавница Зи Зи Топ.