Брајан Крајс од Аризона, плукнал коска од цреша подалеку од неговиот татко и победил на меѓународниот натпревар на плукање коски од цреша.
Победничката коска имала домет од 17,25 метри. За 16,5 сантиметри поголем од рекордот што го поставил неговиот татко, минатогодишниот победник на натпреварот.
Гинисовиот рекорд во оваа дисциплина е 28,5 метри, а е постигнат во 2003 година од Рик Краус.