Апарат за следење на голема бела ајкула, долга 2,7 метри, бил пронајден на плажа. Научниците кои ја „означиле“ оваа ајкула сметаат дека нешто многу големо ја изело. Како што велат австралиските научници, ајкулата била здрава и ставена во програмата за следење на овие моќни животни. Според податоците на апаратот нешто многу големо ја одвлекло ајкулата на длабочина од 1900 метри каде престојувала многу денови. Исто така забележано било и нагло покачување на температурата.
Направата забележала движење, се додека еден ден не испловила на брегот на океанот. Истражувачите веруваат дека овие податоци укажуваат на голем супер грабливец кој може да проголта бела ајкула. Тие сметаат дека во прашање е колосална бела ајкула канибал долга повеќе од пет метри.